Спасовски на богослужба во „Свето Преображение”: Овој духовен храм е место кое нашиот Тоше го нарекуваше втор дом

од Берта Китинска
166 прегледи

Утрово, присуствував на богослужба во манастирот „Свето Преображение” во Крушево, по повод празникот Преображение на Господа Исуса Христа, информира на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

-Овој духовен храм, кој вдахнува мир и спокојство во прегратките на восхитувачка природна раскош, е место кое нашиот Тоше го нарекуваше негов втор дом, а чијшто вечен спомен го претвори местото во светилиште за поклонение на посетителите ширум светот.Нека е за многу години празникот!, напиша Спасовски.