180 санкционирани возачи во Скопје, 34 за брзо возење

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за управување под дејство на алкохол.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…