Маврово-Ростуше го исполни цензусот

од Берта Китинска
161 прегледи

Kонечно е обезбеден цензус од 33 одсто од гласањето во избирачките места во општина Маврово – Ростуше.

Споерд податоците на Државната изборна комисија, во Маврово-Ростуше во 15 часот е исполнет потребниот број на излезени гласачи за да бидат успешни изборите за градоначалник.

На сајтот на ДИК пишува дека на гласање излегле 34,41 процент од запишаните гласачи што значи дека на гласање излегле над една третина од гласачите, што е услов изборите да бидат успешно. Во трка за првата функција во Општината се двајца кандидати.

Во Општината Центар Жупа извесно е дека до 19 часот ќе биде исполнет овој услов, а таму има само еден кандидат за функцијата.