213
Невреме со грмотевици и поројни дождови попладнево пред 17 часот го зафати Пелагонискиот регион, продолжувајќи кон Велес и Градско.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека невремето е проследено со интензивен пороен дожд и електрични празнења, како и силен ветер.
На метеоролошката станица во Радарскиот центар Тополчани бил регистриран удар на ветер од 150 километри на час.
ЦУК извести дека на подрачјето на Велес од страна на пожарникарската служба во Велес биле известени дека во селото Каласлари имало запалено сено и паднати бандери.