Ковачевски: Денеска имавме избори во две општини и во двете победија кандидати на владејачката коалиција

од Берта Китинска
185 прегледи

Маврово и Ростуше масовно и достоинствено гласаше за Медат Куртовски и европската коалиција предводена од СДСМ, стои во објавата на премиерот Димитар Ковачевски.

-Драги сограѓани, ви благодарам за поддршката и за укажаната доверба. Ви честитам и вам, и на Медат Куртовски за изборот за градоначалник.Денеска имавме избори во две општини и во двете победија кандидати на владејачката коалиција.Ова е прва победа откако јас ја предводам СДСМ и оваа европска коалиција. Значајна е затоа што ги потврдува исправните, вистински политики.Испратена е јасна, гласна и силна порака: Европска Македонија е единствениот апсолутен победник на овие избори денеска, напиша Ковачевски.