Калајџиев: ДУИ се недопирливи, има многу озборувања за криминал

од Берта Китинска
246 прегледи

Случувањата во Обвинителство и во Финансиска полиција покажуваат дека има некој судир внатре во власта, вели професор Гордан Калајџиев во неделното интервју на РСЕ. Личи како обвинителките да се жртва на некој што е заинтересиран да не се истражуваат определени структури, вели тој.

Личи како обвинителките да се жртва на некој што е заинтересиран да не се истражуваат определени структури, вели тој.

ДУИ се недопирливи, смета универзитетскиот професор по Кривично право.

-Знаеме дека во суштина ДУИ се недопирливи и имаме многу малку случаи за корупција во тој дел, иако знаме дека во добар дел моќта на оваа политичка структура е голема. Има многу озборувања за криминал и корупција, а не гледаме никакви постапки и тоа кај луѓето остава впечаток дека тие се некоја заштитена бела мечка. Колку од се ова е точно, јас не можам да знам, но очигледно е дека нешто има во ова, бидејќи добар дел од големите бизниси се практично во нивни раце, рече Калајџиев.

Слични содржини