167
ЦЕНАТА на гасот во Европа надмина 3.000 долари за илјада кубни метри, по веста дека „Северен тек“ од 31 август ќе престане да работи на три дена поради ремонт.
Цената на најблиските (септември) фјучерси на берзата во Лондон достигна 3.024 долари за илјада кубни метри.
Во исто време, најскапите – декемвриските фјучерси веќе надминаа 3.100 долари за илјада кубни метри.
Од утрово, од почетокот на тргувањето, цената е зголемена за 20 отсто.