Неволјите во тимот на Манчестер Јунајтед од почетокот на сезоната во првенството никако нема да му помогнат на Ливерпул на претстојниот меч меѓу двата тима, сигурен е напаѓачот на вицешампионите Роберто Фирмино.
„Црвените ѓаволи“ ги загубија првите два натпревари во Англија и не само што се на дното на табелата, туку постигнаа само еден гол. Сепак, ниту „црвените“ не го остварија посакуваниот старт, откако избраниците на Јирген Клоп стартуваа со две нерешени средби.
„Не ми е гајле дали нашата победа целосно ќе ги втурне во криза, јас само ги сакам трите бода. Овој натпревар секогаш е многу голем и нормално е што пред него многу се зборува за двата тима. Но да се игра таму е тешко и знам дека навивачите се задоволуваат само со успех против големиот непријател. Победата ни е неопходна и важна, бидејќи ќе ни биде прва во сезоната. Ова и други работи многу не мотивираат. Не ја започнавме како што сакавме, но тоа се само два натпревари. Ние сме мирни и знаеме на што сме способни за да ја сведеме разликата со лидерите на минимум. Свесни сме дека имаме многу силен тим и има 36 кола до крајот“, коментираше Фирмино пред натпреварот.
Репрезентативецот на Бразил би можел да започне на „Олд Трафорд“ откако новото засилување Дарвин Нуњез беше исклучен на првиот натпревар од Премиер лигата.