Тен Хаг со радикални решенија за составот на Јунајтед за дербито со Ливерпул

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Менаџерот Ерик тен Хег ќе ги остави Хари Мегваер и Кристијано Роналдо на клупата за резерви на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, пренесе Sky Sports.

Едно од најжестоките дербија во Европа е закажано за вечерва во 21 часот по наше време. Роналдо започна против Брентфорд, но не успеа да го наметне своето вообичаено влијание врз играта на Јунајтед.

Sky Sports очекува наместо него во стартните 11 да се појави Ентони Марсијал, кој веќе е фит.

На клупата ќе седне и капитенот Мегваер бидејќи беше жестоко критикуван за неконзистентните настапи во последните месеци. Тој стартуваше во 0:4 против Брентфорд, но за денешниот натпревар ќе биде заменет од Рафаел Варан.

Слични содржини