Касемиро пристигна во Манчестер! Голем број навивачи направија пречек пред „Олд Трафорд“ за бразилскиот фудбалер.
Касемиро пред да дојде во Англија истакна дека сака да му се исполнат две желби: Роналдо да остане во Јунајтед и да ја освои Премиер лигата со „црвените ѓаволи“.
„Разговарав со сопругата и таа рече дека личам на некој осумнаесетгодишник кој е многу возбуден за неговиот нов проект. Така се чувствувам, возбуден сум што имам можност да играм во Премиер лигата.“
„Да можам, денеска би играл за Јунајтед против Ливерпул. Тоа е клуб со голема историја. Ќе работам напорно и ќе се обидам таму да го изградам моето име. Сè уште не сум освоил ништо. За почеток, сакам на сите да им го пренесам она што го чувствувам кон тој клуб, а тоа е мојата почит“, изјави поранешниот играч на Реал на прошталната конференција во Мадрид.
„Се што направив во Реал сакам да го повторам и така. Сакам на сите да им ја покажам мојата борбеност и желба за работа. Сакам да ја освојам лигата. Го поминувам најдобриот период во кариерата. Се чувствувам одлично и сакам да уживам“, заклучи Касемиро.
Бразилецот, исто така, изјави дека освоил четири од пет титули во Лигата на шампионите додека играл со Роналдо во Реал.
„Сè уште не сум разговарал со него. Се надевам дека ќе остане бидејќи е еден од најдобрите играчи во светот“, изјави триесетгодишниот играч од средниот ред.
Casemiro inside Old Trafford for the first time as a Manchester United player 🇧🇷👑pic.twitter.com/fmh0F306er
— UtdFaithfuls (@UtdFaithfuls) August 22, 2022