Богоев: Дали Мицкоски го промовира Ѓорчев во негов наследник откако најави претходно можно повлекување од политиката?

од Берта Китинска
255 прегледи

На својот Фејсбук профил потпретседателот на СДСМ и шеф на Центарот за истражување и анализа, Стефан Богоев, прашува зошто лидерот на ВМРО – ДПМНЕ и раководството на партијата немаат излезено 3 дена на прес, а притоа велат дека победиле на изборите кои се одржаа во саботата.

-Мицкоски и врвното раководство на ВМРО – ДПМНЕ 3 дена ги нема на прес, а велат победиле.
Излезе само Влатко Ѓорчев. 2 пати!
Зошто прес за победа му го оставаат на Ѓорчев наместо тие да се промовираат ⁉️
Дали Мицкоски го промовира Ѓорчев во негов наследник откако најави претходно можно повлекување од политиката ⁉️
Фер ли е ова од Мицкоски кон генсекот и потпретседателите на партијата ⁉️, прашува Богоев.