„Ковачевски да распише избори, по поразот во Тетово, тој веќе нема кредибилитет да ја води владата“, тврдат денеса повторно од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ 2:1 во Тетово. ВМРО-ДПМНЕ освои 4, а СДСМ 2 советнички места. Во Тетово е победено и ДУИ. Владејачката коалиција е убедливо поразена во Тетово.
Резултатот од Тетово ќе се преслика и како резултат на парламентарните избори. СДСМ го очекува дебакл, и црвен картон од народот за сите лоши политики во изминативе 5 ипол години.
Ковачевски да не чека ниту ден, со секој поминат ден на власт на СДСМ, Македонија губи. Време е Македонија да тргне напред. Ковачевски охрабри се. Оставка веднаш“, истакнуваат оттаму.