226
Американската амбасада во Киев ги повика американските граѓани да ја напуштат Украина, наведувајќи дека Стејт департментот има информации дека Русија планира да изврши напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти во Украина во наредните денови.
Во соопштението на својата веб-страница, американската амбасада наведува дека руските напади во Украина претставуваат постојана закана за цивилите и цивилната инфраструктура.
Претходно, агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на официјален претставник на американската администрација, објави дека САД имаат разузнавачки информации дека Русија наскоро планира нови напади врз украинската цивилна инфраструктура и владини објекти.