Челси подготвува понуда од 50 милиони фунти плус уште 10 во вид на бонуси за крилото на Евертон, Ентони Гордон, пренесува англискиот печат. 21-годишниот фудбалер е една од водечките трансфер цели на лондончани во преостанатите денови од преодниот рок.
„Карамелите“ веќе одбија понудите за Гордон од Челси и Тотенхем, но „сините“ сега веруваат дека понудата е доволно добра и ќе биде прифатена. И самиот Гордон се надева дека ќе добие можност да се пресели на „Стемфорд Бриџ“ за да игра во Лигата на шампионите.
Тимот на Томас Тухел прилично слабо ја започна сезоната и по три кола имаат само 4 бода. Минатиот викенд претрпеа тежок пораз од 3:0 на гостувањето кај Лидс, што ги убеди шефовите дека треба да вложат напори на трансфер пазарот за да го подобрат квалитетот на тимот.