ВМРО-ДПМНЕ: Само оставка од Ковачевски и распишување на предвремени избори се решение

од Vladimir Zorba
107 прегледи

„Весела математика на СДСМ, мешаат баби и жаби, но бројките се децидни – СДСМ изгуби во Тетово. ВМРО-ДПМНЕ доби 4 советници во Тетово наспроти 2 кои ги доби СДСМ“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Костовски.

„Владејачката коалиција е делегитимирана во Тетово.

Не знаејќи како да го оправда поразот во Тетово, СДСМ се фали со избор на градоначалник во Центар Жупа каде немало против кандидат.

Само СДСМ како во комунизмот може да се фали со избор и победа на кандидат, без противкандидат.

СДСМ е делегитимирана. Само оставка од Ковачевски и распишување на предвремени избори се решение“, додаваат оттаму.