Суспензијата на Русковска на дневен ред на Советот на јавни обвинители

од Берта Китинска
212 прегледи

Денеска супензијата на обвинителката Вилма Русковска би требало да биде разгледана на седницата на Советот на јавни обвинители во среда.

Независно од одлуката на советот на јавни обвинители за позицијата на Русковска, таа и двете колешки Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева чекаат во рамки на рокот дисциплинска комисија да донесе решение за отпочнување на постапка.

-МВР секогаш имало одлична соработка со Обвинителството за гонење организиран криминал.Сè што е потребно има во Обвинителството и тие материјали се доставени, така што не станува збор за никакво криење на документи или било што.Туку сè што е побарано е предадено во Јавното обвинителство, вели министерот за внтрешни работи Оливер Спасовски.

Министерот за правда Никола Тупанчевски и порача на обвинителката Русковска да пријави ако заради водењето истраги трпела пристисоци.

-Има начин на којшто може да се реагира и треба да се реагира институционално. Ако се врши притисок се знае до кого треба да биде тоа алармирано или до кого да биде поднесена информација – зошто притисок, кој врши притисок, колкав е тој притисо, затоа што одредени форми на притисок претставуваат сегмент од злоупотреба на функцијата, рече Тупанчевски.

На советот на јавни обвинители пред неколку дена им испорача жалба на суспензијата

-Не се суспендира Вилма Русковска туку прравото и правдата во државата“. Сепак првата обвинителка во борбата против корупцијата не сака да верува дека политиката и или политичрите и вршат прогон, кажа Русковска .

Супензијата на Русковска утре ќе биде единствена точка на седницата на Советот на јавни обвинители.

Слични содржини