Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска, по повод 31-годишнината од прогласувањето на независноста, им порача на граѓаните дека „земјата се прероди“ кога Русија ја нападна Украина и дека повторно ќе го заземе анектираниот Крим и окупираните области на истокот.
Во снименото емотивно обраќање, кое беше емитувано денеска на националниот празник и шест месеци од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, Зеленски рече дека Украина повеќе не смета дека војната ќе заврши со воспоставување мир, туку кога ќе победи Киев, пренесува „Ројтерс“.
„На 24 февруари во четири часот наутро во светот се појави нова нација. Народ кој не плачеше, врескаше и не се плашеше. Оној што не побегна. Не се откажа. И не заборави. Што е за нас крај на војната? Велевме: мир. Сега велиме: победа“, рече Зеленски.