Арачиновци на протест, Ибраими: Неприфатливо е нехуманото однесување на компанијата ЕВН

од Берта Китинска
188 прегледи

Денеска пред канцелариите на ЕВН во Скопје се собраа жителите на Арачиново, меѓу нив беше и градоначалникот од редовите на ДУИ, Ридван Ибраими.

Околу 80 отсто од домаќинствата во селото од пред два дена немаат струја, а од ЕВН претходно информираа дека во понеделникот се случил голем дефект поради оптоварување на трафостаниците.

-Континуирано ја следиме состојбата, не знам чија е целта, кому му одговара ситуацијата да ескалира, неприфатливо е нехуманото однесување на компанијата ЕВН, кажа Ибраими.

Од ЕВН велат дека селото не е безбедно за нивните екипи кои постојан биле мета за жителите и затоа не можеле да интервенираат и да го порпават системот.

– Во Арачиново нашите екипи многу често се соочуваат со вербални и физички напади од страна на мештаните, со што во целост им се оневозможува работењето.Сѐ додека не постојат нормални услови за работење и има спречување во работата, нема да постои можност за санација, информираат од ЕВН.

Народниот правобранител, во врска со ситуацијата во која се најдоа жителите на општина Арачиново (кои веќе неколку дена немаат електрична енергија) поради, како што соопштуваат од ЕВН Македонија, дефект на трафостаниците, упатува апел до компанијата и до надлежните институции, пред сѐ до МВР, веднаш да ги преземат сите мерки и да обезбедат предуслови за санирање на дефектот, со што би се нормализирала ситуацијата со снабдувањето со струја во општината.

Слични содржини