Шаќири: Децата не се експеримент, од новите програми очекуваме подобри резултати

од Берта Китинска
132 прегледи

Од 1 септември заедно со Бирото за развој подготвуваме материјали за учениците од 1, 2, 4 и 5 одделение за да ја следат наставата во континуитет. Тие ќе бидат дополнителни материјали и ќе бидат во делови, вели министерот за образование Јетон Шаќири во „Жешко политичко лето“.

На прашањето зошто се менуваат учебниците тој напоменува дека тоа е поради слабиот резултат од ПИСА тестирањето.

-Оваа промена е поддржана од сите релевантни институции кои го следат образовниот процес, ние резултатите треба да ги видиме со завршување на една генерација ученици, вели министерот.

Тој вели дека „децата не се експеримент“.

-Децата со новите програми треба да имаат подобрени резултати, вели тој.

Слични содржини