Ковачевски: Сериозни луѓе во сериозни времиња треба да бидат конзистентни

од Берта Китинска
176 прегледи

Овие избори испратија неколку пораки кои се исклучително важни, веќе и резултатите од ДИК се официјални и потврдија дека во две општини каде што се бираа градоначалници се на СДСМ, вели во вестите на Сител, премиерот Димитар Ковачевск.

Тој посочи дека со изборите граѓаните покажале дека имаат визија за иднината и оваа победа е на „европски капацитет“.

На парашањето дали по пораките од изборите е во интерес да се случат предвремени парламентарни избори Квоачевски вели:

„Сериозни луѓе во сериозни времиња треба да бидат конзистентни. Конзистентноста значи дека ако јас сум кажал во јануари дека изборите треба да бидат редовни во 2024 година тоа се базирало на одредени факти.И ако се вратиме на моето експозе во јануари оваа година ќе видиме дека тоа содржи покачување на минимална плата, згоелмување на пензии започнување на преговри со ЕУ и сето тоа беше направено за 7 месеци и тоа граѓаните го спознаа, вели Ковачевски.