Постојат знаци во Зодијакот кои генерално излегуваат победници во расправиите. Запознајте се со нив за да можете да влезете во вашата следна дебата подготвени.
Јарец
Никој не е толку мирен, ладен и прибран за време на конфликт како Јарецот. Еден од најдобрите начини да победите во расправијата е да влезете во неа со јасни, логични мисли. Дали е неопходно да се докторира во она што се обидувате да го докажете? Не, но Јарците не се плашат да ја преминат таа граница и секогаш истражуваат, како да си го штимаат мозокот на фреквенцијата што им е потребна и се целосно на тема, со еден куп аргументи за и против, со такви логични и реални објаснувања што навистина, во моментот не знаете што да им одговорите смислено.Управувани од дисциплината на планетата Сатурн, овие упорни и тврдоглави суштества знаат како да ги користат ограничувањата во своја полза, секогаш поместувајќи ги границите. Кога се соочувате со „научник“ Јарец – или запишете белешки и бидете подготвени или немате шанса.
Шкорпија
Клучот за убедување е да не се занесувате со емоции додека се обидувате да ја докажете својата гледна точка. Иако Шкорпијата е воден знак, а чувствата се нешто што целосно ги опфаќа, тие не се подготвени никому да попуштат. Управувани од планетата воин Марс, Шкорпиите се впуштаат во стратегија, која некои би можеле да ја наречат манипулација, но едноставно Шкорпијата ја познава својата публика и ја погодува целта.
Девица
Со Меркур, планетата на комуникацијата, техничките вештини и постојаната флексибилност, Девиците знаат да „натераат“ сето тоа да функционира заедно во секоја ситуација. Девиците секогаш се обидуваат да решат проблем, па никогаш не започнуваат расправија само за да влезат во неа (како што може Овен). Девиците брзо размислуваат и секогаш внимателно ги разгледуваат сите детали пред да тргнат напред и да нападнат. Иако ќе ви биде тешко да признаете пораз во расправијата со Девицата, во одреден момент ќе мора да признаете дека феноменалниот начин на кој Девицата секогаш ја „победува“ својата победа, ве убедува во нејзиниот став и мислење, без воопшто да почувствувате тоа.