ВМРО-ДПМНЕ: Откако е Ковачевски премиер, цената на струјата се покачи два пати

од Vladimir Zorba
188 прегледи

„Откако е Ковачевски премиер цената на струјата се покачи два пати. Последните покачувања се во дијапазон од 18% па до повеќе од 100%. Сметките за струја на фирмите само во месец август пак се и до 4 пати повисоки од досегашните“, соопштуваат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

„И токму енормно високата цена на електричната енергија е една од главните причини што од Централниот регистар за само 8 месеци во 2022 година се избришани над 5.500 правни субјекти. Македонија е под енергетски и економски колапс, а единствени виновници за таквата состојба се СДСМ и владата на Ковачевски, кои во време на криза заработуваат на грбот на народот“, тврдат оттаму.

Додаваат, меѓу другото, дека Васко Ковачевски не презема ништо за обезбедување на доволни количини на јаглен и нови ископи, и го остави претпријатието на раб на оперативност.