201
Шпанска Барселона и италијански Лече постигнаа договор за позајмица на дефанзивецот Самуел Умтити. Договорот на 28-годишниот Французин е до 30 јуни 2023 година и не вклучува опција за откуп.
Умтити пристигна во каталонскиот гигант летото 2016 година од францускиот Олимпик Лион. За 6 сезони во тимот на Барселона одигра 133 натпревари, на кои постигна 2 гола. Со шпанскиот клуб освои седум трофеи, а со француската репрезентација во 2018 година стана светски првак.
Екипата на Лече ја започна новата сезона со два порази во италијанската Серија А, а викендов му гостува на Емполи во натпревар од третото коло.