140
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во денешното гостување во емисијата „Клик плус” на ТВ 21, истакна дека набавката на лесните оклопни возила е еден од 8 клучни проекти за вооружување на Армијата.
„Договорот е склучен минатата година, а оваа година веќе пристигнаа првите 6 лесни оклопни возила. До 2028 година, треба да пристигнат 96 вакви возила, а до крајот на оваа година очекуваме да бидат испорачани уште нови 27 возила од ваков тип. Оклопните возила се веќе дел од арсеналот на Армијата и нашите војници веќе се обучуваат за нивно користење”, рече министерката одбрана Славјанка Петровска.