На социјалните мрежи беа објавени неколку фотографии за смртта на 25-годишно момче од Берово.
Јован Димовски од Берово починал од сепса предизвикана по интервенција на заб на штипската болница.
„Само во нашата држава ,само со нашето зрдавство, само со нашите „професионални“ доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20 годишен сташ да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згадне на само 25години…..СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА!!! Каде живееме ние, какво здравство имаме,дали веке еден ден некуј ќе одговара за секојдневниот хорот во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради не внимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со…. „како е рекол Бог“…. Дали во 21 век треба да се случи таков срам….Ангелу наш ти почивај во мир. А тие нема да спијат мирно…., пишува во една од објавите посветени на прерано починатиот Јован.