Раководството на Манчестер Јунајтед одлучи да испрати официјална понуда за уште еден играч на Реал Мадрид. Откако минатата недела 20-кратниот шампион на Англија потпиша со Касемиро, сега „црвените ѓаволи“ ќе се обидат да го ангажираат Асенсио.
Според шпанскиот новинар Серхио Сантос, понудата ќе биде во висина од 30 милиони евра.
Договорот на Асенсио истекува следното лето и засега нема индикации дека ќе биде обновен. Сепак, ќе биде тешко да се постигне трансфер бидејќи Карло Анчелоти планира да го користи играчот од средниот ред оваа кампања и самиот играч одлучи да остане на „Сантијаго Бернабеу“ уште една сезона, а потоа да биде во посилна позиција за преговори со други клубови бидејќи тој ќе биде слободен агент.
Според истиот извор, за Асенсио има и други клубови од Англија кои се заинтересирани. Тимови од Серија „А“, исто така, ја следат неговата ситуација.