Министерот за економија Крешник Бектеши денеска имаше средба со градоначалникот на Општина Арачиново Ридван Ибраими и претставници на компанијата ЕВН.
Министерот потврди дека во системот има големи загуби на струја, но дека проблемот не е ограничен на една општина, туку на сите и ги повика сите надлежни институции, пред се Министерството за надворешни работи, да се вклучат во надминување на состојбите.
Тој потврди дека има загуби на електрична енергија, но дека загубите на електрична енергија не се само во Арачиново. Притоа додаде дека не треба да се земе само Арачиново како општина во која не се плаќаат фактури за електрична енергија или дека се краде електрична енергија.
Сашо Салтировски ,менаџер на Електродистибуција, кажа дека во Арачиново не била исклучена струјата туку дошло до дефект поради прекумерно неовластено користење и нивните екипи не можеле да пристап да интервенираат.
„Се надевам дека по денешниот состанок ќе се среди таа работа и во иднина нема да имаме вакви такви проблеми како што нашите екипи имале во минатото“, рече Салтировски.