Навистина се посебни: Ова е најреткиот хороскопски знак!

од Берта Китинска
333 прегледи

Јарците се сметаат за најреткиот знак во хороскопот бидејќи според податоците најмалку родендени се слават на 25 декември и 1 јануари, односно на Божиќ и Нова година, а тоа се датумите на Јарецот чие владеење трае од 22 декември до 20 јануари. Ваквите податоци драстично го намалуваат бројот на хороскопски Јарци во споредба со другите знаци.

Студијата спроведена од магазинот Smithsonian откри дека повеќето луѓе се раѓаат помеѓу јуни и ноември, што значи дека повеќето деца се зачнати во декември, јануари и други студени месеци. Има смисла бидејќи во текот на зимата повеќе сме дома, а гушкањето под ќебе е омилена активност на многу парови.

За разлика од Јарецот, припадникот на водените знаци, кои првенствено се карактеризираат со силни емоции, се смета за најчест знак на хороскопот.

Порталот My Astro Secrets пишува дека Скорпиите сочинуваат 9,6 отсто од населението на САД, што значи дека многу лесно можете да налетате на Скорпија. Има смисла и со оглед на фактот дека секој што е зачнат на крајот од владеењето на Јарецот веројатно ќе се роди на крајот на октомври, на врвот на владеењето на Скорпијата, кое трае од 23 октомври до 21 ноември.

Што се однесува до Скорпиите родени во ноември, ако се вратиме девет месеци наназад, ќе стигнеме до периодот околу Денот на вљубените – лесно да се донесе заклучок, нели?