Посетата на американскиот сенатор Марша Блекбурн на Тајван покажува дека Вашингтон не сака стабилност во регионот, соопшти синоќа кинеската амбасада.
„САД покажуваат дека не сакаат стабилност во Тајванскиот теснец“, соопшти кинеската амбасада, пренесува РИА Новости.
Кинеската дипломатска мисија соопшти дека ги смета дејствијата на Соединетите Држави за мешање во работите на Кина.