ВМРО-ДПМНЕ: Бизнисите во Македонија плаќаат и до 100% поскапа струја во однос на земјите од регионот

од Vladimir Zorba
109 прегледи

„Според официјалните податоци на ЕУРОСТАТ за 2021 година за цената на струјата која ја плаќаат малите и средните бизниси со потрошувачка од 500 до 2000 мегавати се гледа дека бизнисите во Македонија плаќаат и до двојно поскапа струја во однос на бизнисите од регионот“, соопштуваат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во 2021 година фирмите во Македонија плаќале просечна цена на струја од 144.5 евра за мегават, додрка во Црна Гора плаќале 79.2 евра, со тоа се гледа дека нашите бизнисмени плаќале за 82% поскапа струја од нивните колеги во Црна Гора, за 38% поскапа струја од бизнисмените во Србија, за 66% во однос на турските, за 70 во однос на босанските, за 98% во однос на косовските, за 12% во однос на хрватските и за 18.5% во однос на словенечките“, пресметуваат од Белата палата.

Ова, според нив, е доказ дека македонските фирми плаќаат најскапа струја во регионот.

Енергетскиот сектор во Македонија под СДСМ увезува и до 3 терават часови струја годишно, затоа што не се способни да произведат, и го намалија производството скоро двојно во однос на времето кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше владата, додаваат, меѓу другото, оттаму.