Што се случи со популарноста на Вил Смит по скандалот на доделувањето на Оскарите?

од Stefanija Kuzmanovska
373 прегледи

Магазинот „Variety“ објави дека пред контроверзниот шамар на Крис Рок, Вил Смит секогаш бил рангиран меѓу најпопуларните ѕвезди, како Том Хенкс и Дензел Вашингтон.

„Пред доделувањето на Оскарите, Смит редовно беше меѓу првите пет или десет најпозитивно оценети актери, врз основа на анкетите спроведени секој јануари и јули од страна на Q Scores на 1.800 Американци на возраст од шест години и постари“, рече извршниот потпретседател на Q Scores, Хенри Шафер за „Variety“.

Исто така, неговата негативна оцена сега е многу покачена, поточно од 10 на 26. Просечната негативна оцена Q, според Шафер, е околу 16 или 17.

Ниту неговата сопруга Џејда не помина многу подобро. И онака нискиот рејтинг од 13 падна на 6. Од друга страна, негативниот рејтинг ѝ скокна од 29 на 44.

За разлика од нив, Крис Рок остана на сличен рејтинг, поточно 14.

Слични содржини