Анчелоти призна дека Асенсио размислува да го напушти Реал

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти потврди дека постои шанса Марко Асенсио да замине сега. Напаѓачот останува резерва, а договорот му истекува на крајот од сезоната. Последните извештаи велат дека Манчестер Јунајтед се подготвува да го ангажира.

„Мислам дека во моментов Марко чека да види дали може да замине. Ако работите не му успеат, тој 100% ќе биде наш играч во септември“, изјави Анчелоти за „Movistar“ во понеделникот вечерта.

Според шпанскиот новинар Серхио Сантос, Јунајтед на Реал ќе му понуди 30 милиони евра.

Пазарот се затвора на 1 септември во вечерните часови.

Слични содржини