Рома заинтересирана за играч на Атлетико Мадрид

од Vladimir Zorba
219 прегледи

По повредата на Жоржињо Вајналдум, Рома го обнови интересот за Саул Нигез, пренесува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо бара замена за холандскиот репрезентативец и се насочи на играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид со идеја да го земе на позајмица со опција за купување.

27-годишниот фудбалер минатата сезона ја мина на позајмица во Челси, а летото се врати во шпанската престолнина. Поради високата плата, сепак, Атлетико бара нов тим за него.

Одделно, Рома имаше сериозен интерес и за Леандро Паредес од Пари Сен Жермен, кој сепак се чини е сигурен за Јувентус.

Слични содржини