273
Ако природниот гас може со авион да се носи во Северна Македонија, тогаш ние сме подготвени. И тоа ќе бидеме голема иновативност што ќе му ја продадеме на светот, министерот за економија Крешник Бектеши се пошегува одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има гас и дали навреме ќе почне грејната сезона.
-Имаме една понуда за гас, да закупиме капацитети во Унгарија и Австрија. Тие што ја даваат оваа препорака и понуда, утре тука сме ние и преку викенд можеме да работиме, веднаш ќе закупиме, само да ни кажат како ќе го донесат во Северна Македонија. Ако природниот гас може со авион да се носи во Северна Македонија, тогаш ние сме подготвени. и тоа ќе бидеме голема иновативност што ќе му ја продадеме на светот, кажа Бектеши.