Русија не сака да го исклучува гасот за Европа, го снабдува со децении, но Европа влезе во текот на американската политика. Ако Германија сака да купува течен природен гас во Канада, иако е поскап од гасот од Русија, нека купува, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.
– Не сакаме ништо да блокираме. Ние со децении испорачувавме гас на Европа. Европа беше задоволна и ние бевме задоволни. Тоа значи дека односите треба да бидат прагматични. Сепак, сега влезе во текот на американската политика – изјави Медведев во интервју за француската телевизија LCI.
Тој потсети на американскиот предлог што беше создаден кога Доналд Трамп беше претседател на САД за снабдување на Европејците со течен природен гас.
– Тоа е многу скапо и речиси нереално. Но, Европа се доведе до таква позиција што сериозно ја разгледува таа опција. Гасот што се транспортира со цевковод е многу поевтин, а течниот природен гас е многу скап – рече Медведев.