Нов мандатар за состав на Владата на Србија е Ана Брнабиќ

од Vladimir Zorba
313 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека Ана Брнабиќ е мандатар за состав на новата Влада на Србија.

– Во согласност со Уставот, откако го слушнав мислењето на претставниците на изборните листи, донесов одлука за предлогот за кандидат за претседател на Владата на Србија. Одлуката беше комплицирана и сложена и во рамките на најголемата партија во земјава, а сите тројца кандидати за премиер ќе бидат членови на Владата. Кога имаше избори меѓу Ана Брнабиќ и Милош Вучевиќ, ниту една страна не преовлада, бидејќи имаат силна поддршка во партијата. На Националното собрание му ја предлагам за премиер Ана Брнабиќ – рече Вучиќ.

Слични содржини