Спасовски: Боди-камери како бариера против корупцијата (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Годинава беше заокружен проектот за снимање со мобилни камери наменети за единиците за сообраќај и Одделот за гранични работи, а кој е комплементарен на дигиталната трансформација на МВР, сподели МВР Оливер Спасовски.

„Т. н. боди-камери претставуваат бариера против корупцијата со што практично ги штитиме и граѓаните и полицијата – ги исклучивме човечките субјетивности на кои сме научени со години наназад.

Системот на снимање со камери при евентуално направен прекршок, значи неселективност и транспарентност при казнувањето, а секој што нема да ги почитува сообраќајните правила и прописи ќе сноси одговорност.

Продолжуваме со процесите на дигитализација и сузбивање на корупција, заедно со нашите партнери САД, коишто ја овозможија оваа вредна донација од еден милион и шеест и една илјада американски долари, проект на ИЦИТАП програмата на Одделот за правда на Владата на Соединетите Американски Држави“, додава тој.