230
Френки де Јонг одлучил да остане во Барселона, тврди каталонскиот „Спорт“. Според медиумот, Холанѓанецот ќе прифати да ја намали платата.
Играчот и неговиот агент се подготвени да започнат преговори за реструктуирање на неговиот договор. Клубот му должи 20 милиони евра за плата.
Желбата на Де Јонг отсекогаш била да остане на „Камп Ноу“. Сепак, Барселона ја прифати понудата од Манчестер Јунајтед за него, но играчот одби да се пресели во англискиот клуб.
За него се интересираше и Челси.
Тренерот на Каталонците Чави Ернандез немал желба да се раздели со него, а единствена причина за неговото евентуално заминување беше финансиската состојба на клубот.