СДСМ Аеродром: Нема крај на хаосот и ужасот во кои граѓаните секојдневно живеат во општината под раководство на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
213 прегледи

„Изминатите денови по социјалните мрежи се споделуваат голем број фотографии на граѓани од појавата на змии низ урбаните делови во општина Аеродром. Парковите, детските игралишта, паркинзите стануваат опасност по граѓаните на Аеродром“, соопштуваат од СДСМ Аеродром.

„Родителите се во страв за своите деца и секојдневно упатуваат апели до локалната власт да превземат мерки за неискосените тревници со цел да се спречи појавата на змии низ општината.

Покрај проблемот што се случува со зголемениот број на бездомни кучиња, сега поголем проблем е енормната појава на змии низ парковите во Аеродром.

Крајно неодговорниот пристап на градоначалникот Муцунски станува опасност по граѓаните на општина Аеродром. Преокупираноста на Муцунски со теми поврзани од централната политика и остварување на личните амбиции ги загрозува граѓаните на општина Аеродром.

Повикуваме општината веднаш да превземе мерки за справување со хаосот, неискосените тревници и расфрланиот шут и отпад веднаш да се исчистат“, се додава во соопштението.

Слични содржини