Шефот на дипломатијата, Бујар Османи му реплицираше на изјавата на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој кажа дека само Деве Баир го дели истиот народ, велејќи дека дека тоа е вистина само ако мисли на трите илјади граѓани кои на последниот попис се изјаснија како Бугари.
– Можеби има право во делот на трите илјади Бугари кои живеат во Северна Македонија, тие се еден народ. Така да треба да објасни дали мисли на тоа. Инаку се друго е апсолутно провокација и невистина. Така да ако мисли на трите илјади бугарско малцинство да, и ќе се обидеме да ги имаат сите права и можности како сите други граѓани , рече Османи.
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски на неговиот профил на Фејсбук синоќа објави нова провокација.
Џамбаски го одбележа 126 години од раѓањето на Ванчо Михајлов и испрати провокативна порака.
„Со народот зад Деве Баир, ние (Бугарите) сме еден народ поделен со вештачка граница“, напиша Џамбаски.