Северна Македонија обезбедува поддршка за заштита и промоција на јазични и културни особености на македонската заедница во Албанија, преку конкретни проекти и соработка, објави мнистерот за надворешни работи, Бујар Османи, на негвиот фејсбук профил за денешната посета на Македонците во месноста Голо Брдо во Албанија.
-Потребни се дополнителни заеднички напори со Албанија за промена на режимот на работа на граничниот премин Џепиште-Требиште со што би се подобрила економската и трговска соработка во овој крај, како и слободата на движење на локалното население од двете страни на границата. Ова прашање беше покренато како едно од клучните прашања од интерес на македонското население во областа Голо Брдо, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој е во посета на месноста Голо Брдо во Албанија, на средба со Македонците од овој крај.
-Северна Македонија обезбедува поддршка за заштита и промоција на нивните јазични и културни особености во Албанија, преку конкретни проекти и соработка, оцени Османи.
Според Османи, има одличнa соработка со албански институции и благодарни сме за нивната поддршка за Македонското национално малцинство во Албанија.