Пејчиновски преплива 64 километри во Охридското езеро

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Охриѓанецот Марко Пејчиновски успеа да го заврши своето десетто и најдолго препливување за ова лето долго 64 километри на релација Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид.

Со денешното препливување, Марко ќе го исполни ветувањето дадено на почетокот на летото, кога најави 10 препливувања и околу 250 испливани километри.

Бројни охриѓани го пречекаа на Градското пристаниште, кој подвигот го заврши за време од 21 часа 42 минути.