Иако популарен холандски профил на „Твитер“ со илјадници следбеници најави разделба на Ентони од Ајакс, засега на Островот нема потврда за неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед.
„Атлетик“ информира дека зделката е блиску, но се уште се работи на тоа.
И „Скај Спортс“ пишуваат само дека двата клуба се на работ на договор, дури додаваат дека новата понуда е од редот од 100 милиони евра со бонуси.
Развој се очекува во следните 24-48 часа. Слични се и информациите на „Би-Би-Си“ – за разговори кои се во тек меѓу двата клуба.
Бразилскиот офанзивец не се најде во составот на Ајакс за денешниот натпревар против Утрехт од локалниот шампионат.