236
Тренерот на Спортинг (Лисабон), Рубен Аморим се заканил со отказ доколку клубот го ангажира Кристијано Роналдо без негова согласност, тврди „Тајмс“.
Тренерот е против привлекувањето на 37-годишниот напаѓач и е подготвен дури и на крајни мерки.
„Не можам да гарантирам ништо. Роналдо е играч на Манчестер Јунајтед и мислам дека ќе продолжи да биде“, кратко изјави Аморим на прашањето за коментар на темата „CR7“.
Во медиумскиот простор има многу варијанти поврзани со името на Кристијано Роналдо. Пред некое време се споменуваше и опцијата за враќање во матичниот клуб Спортинг, но без многу индикации дека е можен таков трансфер.
Во моментов Роналдо е најблиску до Наполи, но и таму шансата за договор не изгледа особено голема.