Тешко повреден мотоциклист се судрил со германски “шерволет“

од Берта Китинска
196 прегледи

На 28.08.2022 во 21.15 часот било пријавено дека во Велес на крстосницата од ул. „Алексо Демниевски“, ул.“Вардарска“ и ул.“Наум Наумовски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пијаџо беверли“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Н.Б.(43) од Велес и патничко моторно возило „шевролет круз“ со германски национални ознаки, управувано од Д.Н.(49) од Германија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница во Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.