„За жал, вакви реакции се случуваат и кај нас, можеби ќе ни треба уште повеќе време да ја имаме вистинската зрелост во Северна Македонија и да не правиме разлики по етничка припадност и по општина од каде што доаѓаме“.
Вака министерот за економија Крешник Бектеши денеска ги коментираше бројните реакции во јавноста по одлуката на Владата да издвои буџет од 66 милиони денари за да се реши проблемот со канализацијата во Арачиново.
Бектеши рече дека и покрај реакциите „ќе продолжат да ги поддржуваат дискриминираните општини во државата“.
„Владата ќе продолжи да им помага на општините кои беа дискриминирани со години пред тоа, дури и пред 2001 година, на кои им е потребна помош од Владата. Зборуваме за еднаков регионален развој, еднаков локален развој, како што урбаните општини имаат услови, ако тврдиме дека вистински се приклучуваме на ЕУ, мора да им понудиме исти услови и на руралните општини“, рече Бектеши.