Лав во зоолошката градина во Акра, главниот град на Гана, растргнал човек кој влегол во заградениот простор. Властите покренаа истрага.
Мажот починал во неделата како последица на повредите.
Се сомнева дека човекот планирал да украде две бели лавчиња кои неодамна станаа нова атракција.
Зоолошката градина во Акра беше привремено затворена за јавноста по инцидентот. Полицијата покрена истрага за утврдување на мотивот на напаѓачот и околностите на нападот.
Во моментот на нападот во живеалиштето имало младенчиња, лав и лавица.
– Лавовите со младенчиња можат да почувствуваат дека сакате да ги киднапирате ако премногу им се приближите. Бараме од јавноста да се откаже од ваквите активности – изјави Бенито Овусу Био, заменик министер за природни ресурси.
За да влезе во живеалиштето, мажот се прекачил преку две огради, првата од три метри, а потоа втората од шест метри.
Белите младенчиња беа голема атракција за посетителите во зоолошката градина. Има само десетина од нив во дивината.