Лав што избегал од зоопарк нанел сериозни повреди на човек близу Анталија

од desk2
10 прегледи

Лавот Зевс што ноќеска избегал од зоопаркот „Lion Land“ во Манавгат во регионот на Анталија, Турција, сериозно повредил човек што бил во полето близу до зоопаркот. Човекот е пренесен во болница, а лавот веднаш откако е откриен, бил застрелан.

Повредениот 53-годишник Сулејман спиел надвор, изморен по наводнувањето на парцелата со со ф’стаци. Во еден момент слушнал шушкање. Кога потстанал, лавот скокнал врз него и дошло до кошкање. Тогаш Кир го фатил лавот за вратот и почнал да го стиска, по што лавот избегал.

Повредите на Кир се на главата, рамењата и нозете.

По инцидентот, полицајците што трагале по лавот припукале во воздух. Набргу го пронашле Зевс и го застрелале.

Слични содржини