ВМРО-ДПМНЕ не дојде на координација кај Џафери, Митрески повика да делуваат конструктивно

од Берта Китинска
308 прегледи

Собранието и официјално денеска почна со работа.

Јован Митрески, координатор на пратениците од СДСМ информираше дека од ВМРО-ДПМНЕ не дошле на координацијата со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

-Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ одби да присуства на денешната координација кај претседателот на Собранието. Се надевам дека ќе се промени овој однос.
Не сакам да верувам дека во ВМРО-ДПМНЕ не ја научиле лекцијата, ниту дека не ја примиле пораката од граѓаните.Повикувам опозицијата да ги научи лекциите од минатото и наместо блокади и деструкции да делуваат конструктивно и одговорно. Тоа е во интерес на сите граѓани.Наместо активна и пасивна блокада, одолговлекување на пленарните заседанија и седниците на собраниските комисии, навредување и попречување на работата, потребен е функционален и ефикасен парламент, вели Митрески.

Тој уште еднаш напомена дека не треба да се дозволи да се повтори она што се случувало во собранието, „неразумни опструкции, блокади на важни закони за граѓаните, одолговлекување на пленарните заседанија и седниците на собраниските комисии“.

-Особено да не ни се повтроат сцените со навреди и попречување на дискусиите на пратениците на едно ниско, недемократско ниво кое не ни доликува и кое не донесе ништо, најмногу загуби ВМОР-ДПМНЕ во очите на граѓаните.Се покажа дека ниту една деструкција, блокада или опструкција не може да даде со плод, само се губи време и се трошат пари на граѓаните.Парламентарното мнозинство е тука за граѓаните, остануваме посветени на работата и имплементација на ветувањата пред граѓаните и политиките, смета координаторот.

Слични содржини