Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информираше дека има пријавено голем број проблеми после силното невреме што го зафати Скопје.
Од таму велат до овој момент пријавено е:
– Поплава во гаражите на Влада на РСМ
– Поплава во Ресторанот и подрумските простории во Собрание на РСМ
– Поплава во Министерство за здравство на 3 кат
– Поплава во СЈО во подрумските простории – Министерство за надворешни работи
– Прекин на сообраќајот на бул.„Ј.Сандански“ кон нас.Аеродром
– Прекин на сообраќај на кружниот тек кај ТЦ„Ист Гејт“
– Поплава во Секретаријат за Европски прашања во тоалети – СОЗР на ул..Филип Втори„
– Поплава во Оперативно техничка агенција
– Кај подвозникот на хотел Александар Палас, има пријавено заглавено возило во кое има и луѓе, но неможат да излезат од многу вода.
Екипите се на терен и работата на расчистување на поплавените улици.